Успешна приказна која трае со години, ама ќе потрае и во иднина. Имено денес беше официјално потпишан договорот за продолжување на спонзорската соработка меѓу Халкбанк АД Скопје и Ракометната федерација на Македонија, со што поддршката на Халкбанк кон македонскиот ракомет продолжува и во 2026 година.
Кога една федерација има успеси, резултати и достигнувања, тогаш и најголемите наши брендови од повеќе области сакаат да бидат спонзори. Така тоа оди, успешните со успешните.
Соработката меѓу Халкбанк и РФМ, која успешно трае од 2018 година, претставува стабилно и долгорочно партнерство насочено кон развојот, унапредувањето и поддршката на македонскиот ракомет на сите нивоа. Ракометната федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Халкбанк за континуираната доверба, партнерство и поддршка, кои имаат значајна улога во реализацијата на програмите и активностите на Федерацијата.
Од таборот на РФМ велат дека со вакви спонзори се продолжува да се гради силна иднина за македонскиот ракомет.














