ПСЖ е освојувач на ФИФА интерконтиненталниот куп

67

Во изненадувачки интензивен, неизвесен и полн со возбудувања дуел, шампионот на Европа, тимот на ПСЖ го освои ФИФА интернационалниот куп по подоброто изведување на пеналите против бразилскиот состав Фламенго.

Спектаклот кој се играше на стадионот Ахмад бин Али кулминираше откако регуларните 1:1 го однесоа дуелот во пенал серијата, а таму херој е резервниот голман на ПСЖ Матвеј Сафоров, кој што доби минутажа во последните неколку меча.

Одбрани четири пенали во серија и е најзаслужен што францускиот тим го подига трофејот на крајот од мечот.

Инаку, истиот стартуваше со поништениот гол на Фабиан Руиз во деветтата минута, за да Кварацкелија сепак во 38. минута го доведе фаворитот во водство.

Искусниот Жоргињо во 62. минута од удар од белата точка го израмни резултатот, а шансите до крајот на регуларниот дел, како и во продолженијата не беа искористени.

Во пенал серијата Де Ла Крус погоди за бразилците, возврати Витиња. Прв промаши Нигуез, возврати Дембеле. Педро е новиот несреќник за Фламенго, Мендес погоди за ПСЖ, а потоа во серија промашија, Лео Переира Барцола и Луис Араухо.

 

ПретходноРазочарувачка вест за фановите на РК Вардар!
СледноРешат Рамадани со сто настапи за Шкендија