Тузолана останува во Вардар до 2027 година

29
фото: RK Vardar 1961 (FB)

РК Вардар соопшти дека ја продолжи соработката со Џуниор Тузолана, кој останува во црвено-црниот дрес до крајот на натпреварувачката сезона 2026/2027.

Тузолана пристигна во клубот во септември како краткорочно засилување на позицијата лево крило, но со својот настап, ангажман и енергија брзо се наметна како играч што дава стабилност и сигурност на тимот, поради што управата без двоумење ја активираше опцијата за продолжување на договорот.

Тузолана веднаш се вклопи во системот и покажа дека е подготвен да одговори на темпото и барањата на клубот. Неговото искуство од француската лига, брзината во транзиција и сигурната реализација донесоа важна димензија во нападот, а истовремено создадоа дополнителна конкурентност во ростерот.

Од неговото пристигнување, Вардар продолжи со силното темпо во домашното првенство и со серијата позитивни резултати во Европа. Придонесот на Тузолана, иако во динамичен период на ротации и адаптација, беше препознаен и ценет, што ja потврдува и одлуката за продолжување на договорот.

Продолжувањето на соработката е силна порака дека Вардар размислува долгорочно и дека квалитетот и карактерот секогаш ќе бидат основа во изборот на играчи што го носат црвено-црниот дрес.

ПретходноРусите му го запленија имотот на Усик
СледноАдвокатите задоволни: Судот наложи ПСЖ да му плати на Мбапе над 60 милиони евра!