ФФМ распишува конкурс за идејно решение за изработка на пехар за шампион во ПМФЛ!

106
ФОТО: FFM.MK

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига.

Целта на конкурсот е да се изработи современо, препознатливо и автентично уметничко решение кое ќе ја симболизира традицијата, енергијата и победничкиот дух на македонскиот фудбал.

Право на учество:

Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни академии, архитекти, скулптори и други лица со креативен визуелен израз.

 Секој учесник може да конкурира со максимум три идејни решенија.

Учесниците треба да достават:

Кратко образложение за концептот на пехарот.

Визуелна презентација: скица, 3D рендер, технички цртеж или макета (фотографии).

Предлог материјали, висина и форма на пехарот.

Контакт информации.

 Критериуми за избор

Креативност и оригиналност

Препознатлив македонски визуелен идентитет

Функционалност и издржливост

Можност за реализација

Естетика и симболика

Рок и начин на доставување

Идејните решенија се доставуваат електронски на:[email protected] или во архивата на ФФМ (бул. АСНОМ 21) најдоцна до 15. март 2026.

ПретходноАлкараз со потег кој ја шокираше јавноста!
СледноАко Македонија се пласира на СП 2026, ФФМ ќе добие најмалку 10,5 милиони долари!