Синоќа во НБА беа одиграни само два натпревари, а победи запишаа Чикаго и Мемфис. Кошаркарскиот тим на Чикаго славеше дома против Кливленд со резултат од 127:111, предводен од Џош Гиди, кој го забележа својот шести трипл-дабл во сезоната, постигнувајќи 23 поени со 11 скока и 11 асистенции.
Коби Вајт придонесе во победата на Булс со 25 поени, додека Никола Вучевиќ постигна 20. Донован Мичел беше најефикасен играч за Кливленд со 32 поени.
Мемфис ја победи Минесота на гостински терен со резултат од 116:110.
Најдобри играчи во победничкиот тим беа Џарен Џексон со 28 поени и 12 скока и Џок Ландејл кој постигна 20 поени и десет скока. Џулиус Рендл постигна 21 поен за Минесота и беше најефикасен, Донте Дивиченцо постигна 19 поени и 11 скока, додека Руди Гоберт го заврши натпреварот со 16 поени и 16 скока.










