Динамо Загреб ќе продаде уште еден талент во Интер

51
фото: The Touchline | 𝐓 (X)

Интер го следи фудбалерот на Динамо Загреб, Морис Валинчиќ со намера да го потпише во јануари, тврди новинарот Џанлука Ди Марцио.

Доколку повредениот Дензел Дамфрис не се опорави брзо, клубот е подготвен да го ангажира хрватскиот дефанзивец. Се нагласува дека „нероаѕурите“ навистина го сакаат 23-годишниот Валинчиќ, кој има тековен договор со Динамо до 2029 година.

Оваа сезона, фудбалерот одигра 11 натпревари во хрватското првенство, при што имаше една асистенција.

ПретходноТиаго Силва го напушти Флуминензе, сака да се врати вo Европа
СледноХаланд стана Дедо Мраз: Дава пакетчиња и ги теши навивачите на Јунајтед: „Сигурно имавте тешка година“!