МЗТ Скопје го запиша вториот пораз во АБА2-лига, откако на гостувањето кај Златибор беше поразен со убедливи 102-74 во меч од петтото коло.
Одбраната на “сино-белите“ во вториот дел беше целосно раштимана, кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа по нивото и поентерски, на крајот убедливиот пораз не беше изнендување.
Гил со 24 поени беше прв стрелец кај МЗТ Скопје, 13 имаше Меквин.

Актуелниот македонски првак одигра лошо во второто полувреме, поточно во третата четвртина во која противникот успеа да ја добие со двоцифрени 23-12. На средината на овој период Златибор дојде на плус 19 (71-52). И тука не застана, на помалку од четири минути до крајот на семафорот стоеја 99-70, најава дека ова ќе биде победа за домашниот тим.
МЗТ Скопје беше добар противник во првото полувреме во кое имаше и водство од шест поени (34-40), по што целосно се распадна.










