Куманово убедлив против Струга за трета радост сезонава

24
Фото: МРК Куманово

Екипата на Куманово стави крај на серијата на пет меча без победа, откако на последниот натпревар од оваа година во Супер-лигата на домашен терен дојде до убедлива победа од 32-19 против Струга.

За Куманово ова беше само трета победа сезона, има едно реми и 14 порази, додека на другата страна гостите имаат скор од три победи и 18 порази. Ова беше дерби на долниот дел од табелата, Куманово со новите бодови сега е 10-ти.

Домаќинот не се измачи, одигра добро во првото полувреме кое го доби со 15-10. Отвори со 4-1, на другата страна гостите беа на негатива од два гола, но пред крајот на првиот дел падна ритамот. Во продолжение доминираа кумановци за сигурна победа.

Стојков и Цековски со по шест гола беа први стрелци во редовите на Куманово, на другата страна ист број на погодоци имаше Атанасовски.

ПретходноСтартни состави: Шкендија во нападот со Ибраими, Љатифи и Спахиу!
СледноАко Пеп си замине: Мареска на клупата на Манчестер Сити?!