Мбапе, Јамал, Дембеле… Кој ќе биде најдобар на „Глоуб Сокер Авордс“?

20

„Глоуб сокер“ ги објави номинациите за најдобар фудбалер во светот за 2025 година.

Номинирани за наградата за играч на годината во светот за 2025 година се: Усман Дембеле (Пари Сен Жермен), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Рафиња (Барселона), Витиња (Пари Сен Жермен) и Ламине Јамал (Барселона).

„Глоуб Сокер Авордс“ е годишна церемонија на доделување награди на која се оддава почит на најголемите достигнувања во фудбалот во текот на годината. Победниците во различни категории се избираат со гласање, а церемонијата на доделување награди ќе се одржи на 28 декември во Дубаи, ОАЕ.

„Глоуб сокер“ наградите го објавија и номинациите на Ливерпул, ПСЖ, Фламенго, Барселона и Челзи за наградата „Најдобар клуб во светот за 2025 година“.

ПретходноТрансфермаркт: Шкендија и натаму го има убедливо најскапиот тим во ПМФЛ!
СледноЈакобсен ги отвори картите за дуелот со Македонија