Меси доби часовник на подарок вреден еден милион долари

0
ФОТО: Inter Miami CF/FB

Лионел Меси ја финишира својата мини турнеија во Индија, која што содржеше посета на неколку градови од оваа огромна земја со цел популаризација на фудбалот.

Меси се сретна со доста важни личности ан оваа земја, а последно го посети специјалниот центар за грижа и спасување на диви животни во градот Јамнагар. Истиот е сопственост на милијардерот Мукеш Амбани, а токму неговиот син Анант на прославениот фудбалер му подари часовник вреден еден милион долари.

Според информациите постојат само дванаесет примероци од ваквиот часовник, затоа и неговата цена е толкава. Часовникот е марка „Richard Mille“.

 

 

ПретходноХристов: Прихолошкиот момент во Кавадарци беше клучен, напролет очекувам уште подобри резултати