Нови 200.000 евра: Шкендија досега заработи неверојатни 5,9 милиони евра!

210

Така е тоа кога имаш успеси, кога играш во Европа и се пласираш во 1/16 финалето или плеј – офот во Лигата на Конференции. Пласманот во нокаут – фазата за Шкендија значи и нови 200.000 евра заработени, па така сега вкупната сума достигна неверојатни 5,9 милиони евра, засега. Познато е дека Шкендија во плеј – офот ќе игра со Лех Познањ или Самсунспор, еве шанса оваа сума од 5,9 милиони евра да биде надмината.

Ова е уште една потврда дека фудбалот е бизнис, дека може и тоа како да се заработи. Оваа сума од речиси 6 милиони евра, најмалку, се два годишни буџети на Шкендија.
Сега мора раководството во зимскиот преоден рок да го засили тимот со 2-3 екстра квалитетни играчи, се со цел да се мине и 1/16 финалето.

Зошто да не?

ПретходноШкендија во плеј-офот против Лех Познањ или Самсунспор!
СледноУште еднаш благодарение на Шкендија скокнавме уште едно место на УЕФА листата! (ФОТО)