ГРК Охрид без проблем дојде до 14 триумф сезонава во Супер-лигата, откако на гостувањето кај Радовиш славеше со убедливи 14-37. Со оваа победа охриѓани заминуваат на пузата со 29 бода и заедно со Алкалоид го делат третото место на табелата. На другата страна Радовиш го запиша 18 пораз во исто толку одиграни мечеви.
Победникот беше решен после првото полувреме по кое гостите водеа со 7-15.
Лиапис и Кукуловски со по седум гола беа први стрелци кај победникот, на другата страна Трајанов имаше четири погодоци.
Денеска на програмата е дуелот меѓу Куманово и Струга во рамките на 18. коло во Супер-лигата.










