Заврши првото полувреме во Ларнака, од мечот меѓу АЕК и Шкендија и тоа без голови. Добра Шкендија, борбена Шкендија, имаше и две шанси за водство, но сепак и овој резултат е тој што ја “носи“ во плеј – офот во Лигата на Конференции.
Интересно, Шкендија подобро го отвори мечот, ја контролираше играта до кратки додавања, а Вебстер во 4.минута можеше да донесе водство, но неговиот шут од лево домашниот голман го одбрани.
Домашните се заканија во 16.минута кога Миличевиќ високо скокна и шутираше со глава, но за среќа над голот на Гаје.
Во 27.минута Ибрами беше во продор, со петта му додаде на Љатифи ама овој не се снајде убаво и оваа можност пропадна.
Штета.
Да кажеме дека во 44.минута АЕК преку Миличевиќ постигна гол за 1:0, но по реакцијата на ВАР истиот беше поништен.
Лига на Конференции – 6.коло
АЕК ЛАРНАКА -ШКЕНДИЈА 0:0 (0:0)
„АЕК Арена“ во Ларнака. Судија: Манфредас Лјуканчукас (ЛИТ). Стрелци:
АЕК ЛАРНАКА: Аломеровиќ, Екполо, Миличевиќ, Роберг, Гарсија, Ледес Густаво, Наоум, Рубио, Ивановиќ, Мирамон, Бајиќ.
ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Ќака, Р.Рамадани, Спахиу, Зејнулаи, Љатифи, Ибраими.










