Вечерва од 21 часот на “АЕК Арената“ во Ларнака, во меч од 6. или последно коло во Лигата на Конференции, Шкендија гостува на Кипар кај АЕК Ларнака. По мечот ќе знаеме дали Шкендија ќе обезбеди пласман во плеј – офот и европска пролет.
На нешто повеќе од еден час до почетокот на мечот, познати се и стартните состави.
Тренерот на тетовци Јетон Беќири за овој историски натпревар се одлучи да им даде шанса на следните единаесетмина:
Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Ќака, Спахиу, Зејнулаи, Љатифи, Ибраими.
Да кажеме дека главен судија ќе биде Манфредас Лукјанчукас од Литванија.










