Трансфермаркт: Сега Мато со 700.000 евра е најскапиот играч во ПМФЛ!

116

Според најновите проценки на Трансфермаркт, специјализираниот сајт за вредноста на играчите и клубовите, Роџерс Мато е најскапиот играч во ПМФЛ во моментов, или фудбалер со најголема вредност. Сега репрезентативецот на Уганда и напаѓач на Вардар вреди 700.000 евра или неговата цена пораснала за 200.000 евра од последната објава на Трансфермаркт.

Интересно, цената на Клисман Цаке, и покрај успесите на Шкендија, не пораснала ни евро, па така тој и натаму е со 700.000 евра, исто како и таа на Мато од Вардар.

На табелата во ТОП 10, следуваат петтмина играчи на Шкендија, и на сите нив цената им скокнала. По 600.000 евра сега вредат Решат Рамадани, Имран Фетаи, Роналдо Вебстер, Фабрис Тамба а Александар Трумчи е со 500.000.

Исто толку вреди двоецот на Струга ТЛ, Басиру Компаоре и Бојан Илиевски со по 500.000 евра, а како последен во ТОП 10 е Мислав Матиќ од Вардар со 400.000.

ТОП – 10 ТАБЕЛА

Роџерс Мато (Вардар) 700.000 евра

Клисман Цаке (Шкендија) 700.000

Решат Рамадани (Шкендија) 600.000

Имран Фетаи (Шкендија) 600.000

Роналдо Вебстер (Шкендија) 600.000

Фабрис Тамба (Шкендија) 600.000

Александар Трумчи (Шкендија) 500.000

Басиру Компаоре (Струга ТЛ) 500.000

Бојан Илиевски (Струга ТЛ) 500.000

Мислав Матиќ (Вардар) 400.000

ПретходноФФМ со донација на фудбалски топки за сите екипи од Првата и Втората футсал лига
СледноОхриѓани убедливо низ Радовиш