ФФМ со донација на фудбалски топки за сите екипи од Првата и Втората футсал лига

1

Со цел континуирано унапредување на условите за тренинг и натпревари во футсал конкуренција, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реализираше донација на ПУМА фудбалски топки за сите екипи кои се натпреваруваат во Првата и Втората футсал лига.

Со оваа донација се опфатени вкупно 21 клуб, при што секоја екипа доби по 12 ПУМА фудбалски топки, наменети за тренажниот процес и официјалните натпревари. Иницијативата претставува конкретна и директна поддршка за клубовите, со цел подигнување на квалитетот на натпреварувањето и создавање подобри услови за работа на играчите и стручните штабови.

Клубови корисници на донацијата се:

Прва Лига: Проект, Форца 2015, Кеги-Моби Велес, Бутел 2022, Клими Кавадарци, Јувентус Серава, Балкан 2017, Осогово 2022 (Крива Паланка), Шкупи 1927, Мал Ајакс;

Втора лига: Железарец, Каршиака, Црна Река, Фудбал Старс – Ауто Велт, СЕЕ Университи, ССК 1965 Партизан Југ (Брвеница), Овче Поле, Кратово, Конзули Битола и Карадаку.

ФФМ и во наредниот период ќе продолжи со вакви активности, со цел рамномерен развој и дополнителна афирмација на футсалот во Македонија.

ПретходноШкемби: Струга Трим Лум имаше речиси перфектен прв дел од сезоната