Христов: Прихолошкиот момент во Кавадарци беше клучен, напролет очекувам уште подобри резултати

197

Екипата на Тиквеш како така на крајот оваа есенска ПМФЛ полусезона може и некако да ја окарактеризира како позитивна.

Со оглед на тоа како шочна прволигашот од Кавадарци во оваа сезона, резултатите на крајот и не се така лоши.

Со смената на тренерското место на кое по заминувањето на Ѓорѓи Мојсов пристигна Борче Христов, нештата тргнаа во посизитивна насока.

Осмото место и осумнаесетте бода на контото ветуваат добра стартна позиција за напролет, барем што се однесува до опстанокот. Иако истиот мора да се заработи ан терен.

„Реално кога пристигнав во Кавадарци, екипата беше во резултастка и играчка криза. Тој шокантен пораз од Арсими кој се случи непосредно пред моето пристигнување имаше оставено сериозен психолошки траг. Далеку од тоа дека екипата е на квалитативно ниво на кое што јас ја затекнав во моментот кога пристигнав. Овој тим има голем потенцијал, квалитет. Единствено на што мораше, и требаше да се поработи беше поној психолошки момент. Да се врати тимот мотивациски што се вели. Се останато беше на сосема завидно ниво. Физички, тактички, екипата беше и повеќе од заодоволитено подготвена. Тој кризен период со тренинзи, разговори и нормално мечеви, го надминавме. Имаме пред нас уште доста но задоволен сум од она што досега го направивме. Што се однесува до остатокот од сесоната, очекувам уште повисоко ниво на игри и резултати. Со самиот факт што нема премногу да менуваме во тимот, значи дека со селекцијата сум задоволен. Следува период на подготовки и на дополнителна санација на аномалиите и недостатоците. Тиквеш ќе биде сосема во ред“ – ни изјави искусниот стратег на кавадарчани, Борче Христов.

ПретходноЈанакиевски: Градиме тим што ќе оди на победа против секого во Првата лига
СледноМеси доби часовник на подарок вреден еден милион долари