Јакобсен ги отвори картите за дуелот со Македонија

57

Селекторот на првиот противник на македонската ракометна репрзентација на Европското првенство 2026, Никола Јакобсен ги откри картите за настапот на ова натпреварување, го скрати списокот.

Данска која е фаворит за освојување на златниот медал на Европското првенство ги потврди деветнаесетте ракометари на кои ќе смета на ЕП на кој е еден од домаќините.

На списокот на Јакобсен се најде еден дебитант, Мадс Сване од Силкеборг. Составот на Данска изгледа страшно.

Списокот на Данска за Европското првенство:
Голмани: Емил Нилсен (Барселона), Кевин Мелер (Флензбург)
Крила: Емил Јакобсен (Флензбург), Магнус Ландин (Кил), Јохан Хансен (Скандерборг), Никлас Киркелоке (Флензбург), Фредрик Бо Андерсен (Хамбург)
Кружни напаѓачи: Магнус Саугструп (Магдебург), Лукас Јоргенсен (Флензбург), Симон Халд (Алборг), Емил Бергхолт (Скјерн)
Бекови: Матијас Гидсел (Фуксе Берлин), Мадс Хоксер (Алборг), Симон Питлик (Фленсбург), Расмус Лауге (Силкеборг), Ласе Андерсон (Фуксе Берлин), Ласе Мелер (Фленсбург), Мадс Менсах Ларсен (Скјерн), Мадс Сване (Силкеборг)

Мечот меѓу Македонија и Данска е заакажан за 16. јануари со почеток во 20.30 часот

ПретходноМбапе, Јамал, Дембеле… Кој ќе биде најдобар на „Глоуб Сокер Авордс“?
СледноИнтер Мајами не е атрактивен за Левандовски