Историја: Шампионот и со пораз на Кипар успеа да се пласира во плеј – офот и да има европска пролет!

714
ФОТО: Kf Shkendija/FB

АЕК Ларнака – Шкендија 1:0 е исходот од вечерашниот меч од 6.коло во Лигата на Конференции. Сепак ова е помалку важно, поважно е дека Шкендија и со пораз успеа да се пласира во плеј – офот, и да обезбеди историја.

Ова е историја како за Шкендија така и за мак – фудбалот.

Секоја чест на тетовци кои завршија на 22.место.

Инаку нашиот шампион одлично го почна мечот. Храбро, борбено и веднаш ја презеде контролата. Имаше Шкендија и шанса во таа 4.минута кога Вебстер одлево биеше силно, но домашниот голман одлично одбрани.

АЕК Ларнака опасно се закани во 16.минута кога Миличевиќ шутираше со глава, но за среќа над голот на Гаје. Следуваше уште една можност за тетовци, кога во таа 27.минута Ибрами беше во продор, со петта му додаде на Љатифи ама овој не се снајде убаво и оваа можност пропадна.

Навистина штета. Шкендија и натаму беше добра, искажа квалитет, иако треба да се каже дека како што одминуваше времето, домашните и тоа како ја преземаа иницијативата.

Да кажеме дека во 44.минута АЕК преку Миличевиќ постигна гол за 1:0, но по реакцијата на ВАР истиот беше поништен.

Па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.

ЉАТИФИ ДОБИ ЦРВЕН КАРТОН, ШКЕНДИЈА СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ

Второто полувреме не започна како што треба за Шкендија. Љатифи во 53.минута, поради остар старт, заработи црвен картон, па така тетовци останаа со играч помалку. По ова веднаш реагираше тренерот Јетон Беќири кој во игра ги внесе Алхасан и Тамба на местото на Ќака и Ибраими. По ваквиот развој на настаните јасно беше дека домашните ќе тргнат со сите сили во атак. Во целост ја имаа доминацијата во поле играчите на кипарскиот состав.

Во 78.минута по една контра, Тамба убаво го проигра Зејнулаи, кој беше во добра шанса, но неговиот удар беше блокиран во корнер. Следуваа неколку опасни закани кон голот на Гаје, ама голманот на Шкендија секогаш беше на своето место.

И тогаш гол, во таа 83.минута, кога Ангиелски со глава од непосредна близина шутираше и го совлада Гаје за 1:0 за АЕК Ларнака.

Лига на Конференции – 6.коло

АЕК ЛАРНАКА -ШКЕНДИЈА 1:0 (0:0)

АЕК Арена“ во Ларнака. Судија: Манфредас Лјуканчукас (ЛИТ). Стрелци:/. Ц. Картони: Љатифи 53. (ШКЕ).

АЕК ЛАРНАКА: Аломеровиќ, Екполо, Миличевиќ, Роберг, Гарсија (67. Кабрера), Ледес Густаво, Наоум (82.Гонзалез), Рубио, Ивановиќ, Мирамон, Бајиќ (70. Ангиелски).

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Ќака (58. Алхасан), Р.Рамадани, Спахиу (71. Мазари), Зејнулаи (90+5.Мурати), Љатифи, Ибраими (59. Тамба).

ПретходноАраухо ја „преброди“ психолошката криза
СледноШкендија во плеј-офот против Лех Познањ или Самсунспор!