Шкендија во плеј-офот против Лех Познањ или Самсунспор!

197

Уф, драматично беше, но сепак Шкендија испиша историја, како клупска така и на мак – фудбалот. Сега се е готово, на Кипар и покрај поразот во таборот на тетовци се слави пласманот во плеј – офот или 1/16 финалето во Лигата на Конференции.

А таму Шкендија за ривал ќе го има Лех Познањ или Самсунспор. Тоа се двата можни ривали на тетовци, а ќе се знае на ждрепката во Нион која ќе се одржи на 16 јануари.

Инаку мечевите се играат на 19-26 февруари, првиот натпревар Шкендија ќе го игра како домаќин.

Во случај да ја мине оваа пречка, тогаш во 1/8 финалето Шкендија би играла со победникот од двомечот меѓу Рајо Ваљекано и Шахтјар Доњецк.

ПретходноИсторија: Шампионот и со пораз на Кипар успеа да се пласира во плеј – офот и да има европска пролет!
СледноНови 200.000 евра: Шкендија досега заработи неверојатни 5,9 милиони евра!