Милосављев си оди од Фухсе Берлин, потпиша со Келце

41
фото: Industria Kielce (X)

Поранешниот голман на РК Вардар, Дејан Милосављев, потпиша договор со полскиот Келце. Србинот по шест сезони минати во Фухсе Берлин, Германија, реши д аја прифати понудата за преселба на голот на еден од најсилните европски тимови во последната деценија.

„Трансферот на Дејан Милосављев, најдобриот голман во светот, е успех за целата заедница на Келце и огромен спортски чекор за клубот. Тоа е резултат на довербата и поддршката од нашите спонзори, посветеноста на сопственикот на клубот и секојдневната работа на луѓето што го сочинуваат овој клуб“, се вели со клупското соопштение.

Милосављев ќе биде играч на Киелце од 1 јули 2026 година.

ПретходноНаполи во војна со Милан: Алегри го нарекол менаџерот на Наполи – „кретен“
СледноВасоски: Задоволен сум од есенскиот дел, иако Силекс можеше да има повеќе бодови