Есенскиот дел од одбојкарскиот шампионат на Македонија завршува утре. Последните два меча закажани во Тетово и Струмица треба да ја спуштат завесата на одбојкарската полусезона во најсилното одбојкарско натпреварување кај нас.
По 11 кола, екипата на Штип УГД, која се уште е македонски претставник во европските купови, ја заслужи есенската круна, со два бода предност пред екипата на Струмица, која ја брани шампионската титула. Штипјани единствениот пораз го претрпеа токму од струмичани, а големото ривалство меѓу овие два тима ќе продолжи и во пролетниот дел од сезоната.
ГОК Борец и Работнички остануваат кандидати за најдобрата четворка, а тоа го потврдија и со досегашните настапи. Велешани со победа над Јанта Волеј ја заокружија есента, додека Работнички утре во Тетово против Лирија ќе го има последниот есенски дуел.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 11. КОЛО
Сушево – Скопје 3:0 (25:19, 25:22, 25:17)
Штип УГД – Весна Пробиштип 3:0 (25:17, 25:11, 25:17)
Македонија Џио – Универзитет во Тетово сабота 16 ч.
Шкендија – Струмица 47&72 2:3 (21:25, 26:24, 25:22, 3:25, 6:15)
Јанта волеј – ГОК Борец 0:3 (10:25, 12:25, 11:25)
Лирија – Работнички 71&22 сабота 19 ч.
ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (31), 2. Струмица (29), 3. ГОК Борец (26), 4. Работнички (24), 5. Сушево (18), 6. Универзитет Тетово (17), 7. Шкендија (14), 8. Лирија (14), 9. Македонија Џио (8), 10. Весна Пробиштип (8), 11. Скопје (0), 12. Јанта Волеј (0).










