Во првиот меч од 11.коло во нашата елитна кошаркарска лига, кој се одигра вечерва во СРЦ Кале во Скопје, ТФТ како домаќин славеше против Тиквеш со 89:58.
Ова беше десетта победа на лидерот со што и натаму го држи првото место на табелата. И треба веднаш да се каже дека во “првото полувреме“, односно во првата и втората четвртина не беше баш така лесно за тимот на ТФТ. Кавадарчани во тој период пружија силен отпор и на пауза се замина со 32:32, резултат кој секако дека беше изненадувачки, да не кажеме шокантен ако се знае дека тимот од скопско Тафталиџе беше апсолутен фаворит. Ако некои работи не функционираа како што треба, тогаш во продолжение од средбата, во тоа “второ полувреме“ добро се виде кој е кој во овој момент во мак – кошарката. ТФТ веднаш си набилда предност и до крајот само ја зголемуваше истата. Па така на крајот испадна и повеќе од убедлива победа за лидерот со 31 поени разлика.
Кога сме кај поентерите, во домашниот табор најефикасен беше Сомервил со 19 поени, додека кај гостите Дес запиша 17 поени.














