УЕФА со позитивна оцена за Грасрут активностите на ФФМ

73
ФОТО: FFM.MK

Во периодот од 10 до 12 декември 2025 година, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со одделот за развој на фудбал на УЕФА организираше тродневна посета со цел оценка на реализираните проекти во рамки на шесте области предвидени со УЕФА Грасрут активностите.

Во рамките на посетата, беа оценети активностите, беа дадени повратни информации од вклучените учесници, како и од страна на УЕФА, со цел анализа на достигнувањата на ФФМ предвидени во усвоениот Грасрут План за развој за период 2024-2028.

Посетени беа шест теренски активности и настани, вклучувајќи клубови, училишта и проекти за лица со физички и интелектуални попречености: Аеродром 2018, Форца Вардар, Спорт Ефе, ООУ „Гоце Делчев“, ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“.

Учесниците, предводени од УЕФА менторот Владимир Луптак од Словачка, изразија одлични импресии за посветеноста и ангажманот на ФФМ во сите области, посебно подвлекувајќи ја успешноста на Детските лиги на ФФМ, двата образовни проекти во училиштата, тренерската едукација на Грасрут ниво и проектите за лица со физички и интелектуални попречености.

За време на посетата беа оценети резултатите од Грасрут активностите во изминатите две години, како и беа дадени мислења и препораки за подобрување и постигнување на уште подобри резултати во наредните две сезони.

Грасрут проектите на ФФМ ги опфаќаат следните области, кои се предуслов за членство на секоја национална федерација во УЕФА Грасрут активностите:

Football in schools – Фудбал во училишта

ПретходноШкендија го зголемува македонскиот клупски коефициент, ама и својот – сега тој е 10.875!
СледноРК Пелистер со свечена академија и ревијален меч на ветераните за крај на 2025! (ФОТО)