„Хаосот“ од три продолженија за Барселона

41

Во неверојатен дуел во кој што беа потребни три продолженија за да се добие победникот, тимот на Барселона со конечни 134:124 ја победи Басконија во еден од најлегендарните дуели некогаш одиграни во Евролигата.

Она што се случуваше вечерва во Барселона е за аналите на европската кошарка. Дуел со десетици пресврти, кам бек серии и конечно домашна победа од десет поени разлика.

Клучен играч на дуелот е Кевин Пантер кој што ја одигра партијата на кариерата постигнувајќи 43 поени. Дури девет играчи од двата тима го завршија дуелот со двоцифрен број на поени.

 

ПретходноЕвролига: Црвена Звезда со екстра победа против Виртус Болоња