Болоња го елиминираше Интер и ќе се бори за титула во Супер купот на Италија

26

Тимот на Болоња направи мини сензација и го елиминираше фаворизираниот тим на Интер во полуфиналето од Супер купот на Италија по подоборото изведување на пеналите, откако регуларниот дел од мечот заврши 1:1.

Во серијата промашувања Болоња беше за нијанса поуспешна и на тој начин си закажа финале во ова натпреварување против тимот на Наполи на нашиот Елиф Елмас кое ќе се игра в понеделник во градот Ријад.

Мечот одлично стартуваше за Интер откако Турам по само две минут игра погоди за водство.

Сепак,во 35. минута Орсолини изедначи, и потоа не видовме ниту еден гол.

Во пенал серијата Лаутаро погоди за Интер, Фергусон за Болоња, а потоа во серија беа промашен пет пенали наизменично.Хоротот го прекина Рове за Болоња, Де Вриј му даде шанса за Интер, но сите дилеми ги разреши Чиро Имобиле.

 

ПретходноХаосот во Меделин донесе 59 повредени (ВИДЕО)
СледноДортмунд ја заврши задачата против Гладбах