Домашно реми на Валенсија против Мајорка

0

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1.

Домаќинот имаше проблеми откако по само 23. минути игра Мајорка преку Саму Коста стигна до 0:1.

Валенсија успеа да излезе од негатива во 52. минута откако Дуро погоди за 1:1. До крајот на мечот Валенсија не успеа да стигне до комплетен пресврт и полн плен.

Мајорка е четиринаесетта со 18 бодови, додека Валенсија е две места подолу со 16.

 

ПретходноДортмунд ја заврши задачата против Гладбах