Дончиќ одигра ретко виден меч, Јокиќ испиша историја (ВИДЕО)

60
Фото: Принтскрин/Денвер/Твитер

Лука Дончиќ постигна 45 поени, подели 14 асистенции и забележа 11 скока за својот петти трипл-дабл во сезоната. Неговите Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа Јута Џез со 143:135. Леброн Џејмс додаде 28 поени, седум скока и 10 асистенции за Лејкерс, кои во последната четвртина го надиграа Џез со 41:29.

Дончиќ во оваа блескава вечер имаше и пет освоени топки и само една загубена. Статистичарите по натпреварот издвоија податок дека тој стана само третиот играч во историјата на славната франшиза кој остварил трипл-дабл со 45 или повеќе поени. Единствениот пред Дончиќ кому тоа му успеало е Елгин Бејлор, и тоа двапати.

Играчите на Лејкерс со трипл-дабл и најмалку 45 поени:

Елгин Бејлор

  • 52 поени, 25 скока, 10 асистенции против Сент Луис Хокс – 13 декември 1961
  • 50 поени, 15 скока, 11 асистенции против Бостон Селтикс – 13 февруари 1963

Лука Дончиќ

  • 45 поени, 11 скока, 14 асистенции против Јута Џез – 18 декември 2025

Јута настапи без најдобриот стрелец Лаури Марканен, кој отсуствуваше поради повреда на препоните. Кај Лејкерс недостасуваа стандарните стартери Деандре Ејтон поради проблеми со лактот и Остин Ривс поради повреда на листот.

Џорџ постигна 33 поени, што е негов трет последователен натпревар со повеќе од 30 поени. Рукиот Ејс Бејли додаде 19 поени за Јута, која сезонава сè уште нема врзано три победи. Лејкерс триумфираа по третпат во последните четири натпревари, иако примија најмногу поени оваа сезона.

ТРИПЛ-ДАБЛ И ЗА ЈОКИЌ

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар, доволно за Денвер Нагетс да ги победат Орландо Меџик со 126-115. Никола Јокиќ дојде до импресивен НБА рекорд со најмногу асистенции во историјата на лигата.

Српскиот интернационалец го заврши натпреварот со 23 поени (10/17 од поле), 11 скока и 13 асистенции за 35 минути на теренот. Со тие 13 успешни додавања кон кошот, Јокиќ го надмина Карим Абдул-Џабар на вечната листа на центри и сега е прв по тој параметар во историјата на лигата.

 

Резултати:

Шарлот – Атланта 133:126
Индијана – Њујорк 113:114
Бруклин – Мајами 95:106
Њу Орлеанс – Хјустон 133:128
Оклахома – ЛА Клиперс 122:101
Милвоки – Торонто 105:111
Сан Антонио – Вашингтон 119:94
Далас – Детроит 116:114
Јута – ЛА Лејкерс 135:143
Денвер – Орландо 126:115
Финикс – Голден Стејт 99:98
Портланд – Сакраменто 134:133

ПретходноЈетон Беќири: “Ова се посебни емоции, напролет ќе се видиме во Европа“!
СледноАнгличаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!