ОЛ СТАР – СКОПЈЕ 2025: Познати се кошаркарите кои ќе настапат на главниот натпревар

62
ФОТО: mkd.basketball

Тимот „Македонија“ против тимот „Свет“, во недела навечер, со почеток од 18.часот, со директен пренос на МРТ 3, во обид да покажат кој од нив е подобар во овој момент, во обновеното издание на Ол-стар натпреварот во организација на Македонската кошаркарска федерација.

Стручниот тим, Борче Даскаловски, Денис Дервишевиќ и Владимир Мирковски се одлучија да ги креираат еден респектабилен ростер во кој акцент е ставен на играчите кои се иднината на македонската кошарка.

Од другата страна, тренерскиот „трилинг“, Боро Смилковски, Ерхан Рамадан и Игор Гацов имаше на располагање одличен избор на играчи кои доаѓаат надвор од Македонија, и кои се дел од „МТЕЛ“ Супер лигата во овааа натпреварувачка сезона.

А сето тоа со себе носи и најава за еден спектакуларен натпревар во кој, макар и ревијален, победникот нема да биде познат до последните моменти од играта.

За време на паузата, односно на полувремето од овој натпревар ќе биде реализиран и оној друг дел од ревијата, посветен на најдобрите шутери за три поени. А на сцената ќе се појават и играчите кои испратија пријава за учество во натпреварот за забивање во оваа сениорска конкуренција.

ТИМ „МАКЕДОНИЈА“

Марин Петков (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Аеродром)

Виктор Ефремовски (Работнички)

Дамјан Робев (Работнички)

Максим Митевски (МКК Куманово)

Андреј Митревски (Пелистер)

Лука Стојановски (Пелистер)

Виктор Ташовски (ТФТ)

Страхил Николов (ТФТ)

Тома Стојаноски (ТФТ)

Теодор Симиќ (Кожув)

Никола Бојчев (Кожув)

Виктор Златевски (Феникс 2010)

Алек Петковски (Маџари)

Ренато Димитриевски (Гостивар)

Петар Бошалески (Тиквеш Голден Игл)

Таулант Ибраими (Ангели)

Мети Тачи (Чаир 2030)

Фатон Реџа (Чаир 2030)

ТРЕНЕРИ

Борче Даскаловски (Пелистер)

Денис Дервишевиќ (Феникс 2010)

Владимир Мирковски (Работнички)

*НАПОМЕНА (Играчите ќе настапат во светла боја на дресови)

ТИМ „СВЕТ“

Хуан Дејвис (МЗТ Скопје Аеродром)

Мек Смит Мексвејн (МЗТ Скопје Аеродром)

Урош Луковиќ (МКК Куманово)

Андрија Стевановиќ (МКК Куманово)

Никола Малешевиќ (Пелистер)

Роберт Рикиќ (Работнички)

Стенли Дејвис (ТФТ)

Рејмонд Сомервил (ТФТ)

Кристофер Дес (Тиквеш Голден Игл)

Џулиус Елербе (Гостивар)

Џавон Грин (Маџари)

Декариус Николас (Кожув)

Ламар Четмен (Чаир 2030)

Џејлин Билингсли (Чаир 2030)

Луал Рахама (Феникс 2010)

Ален Фордхам (Ангели)

ТРЕНЕРИ

Боро Смилковски (ТФТ)

Ерхан Рамадан (Чаир 2030)

Игор Гацов (Ангели)

*НАПОМЕНА (Играчите ќе настапат во темна боја на дресови)

ПретходноФлик конечно го откри “кртот“ во соблекувалната на Барселона!
СледноДоби 7-годишна суспензија затоа што се обложувал на жолти картони