Македонскиот ракометен стратег Раде Стојановиќ наскоро ќе биде претставен како тренер на екипата на Ајдовшчина. Според информациите објавени во словенечките медиуми, 47-годишниот стретег веќе се договорил со словенечкиот тим.
Стојановиќ успешно го водеше тимот на Тримо Требње минатата сезона, а сега е без тренерски ангажман. Во својата тренерска кариера Стојановиќ работеше во металург, Охрид, Катар, Тиквеш и во словенечки Тримо.










