Скандалозно: Реал Мадрид прима гол а Вини, Ендрик, Ѓулер на клупата се “утепаа“ од смеење! (ВИДЕО)

108
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Ова го има само во Реал Мадрид под водство на Чаби Алонсо. Невиден скандал денеска откриваат медиумите во Шпанија. Имено додека Реал Мадрид прима гол од нисколигашот Талавера во Копа дел Реј, Винисиус, Ендрик, Ѓулер…се “утепаа“ од смеење.

Ова е уште еден доказ дека големите ѕвезди на Реал Мадрид едноставно немаат никаков респект кон Чаби Алонсо. Ова значи дека Чаби и дефинитивно се “загуби“ во Реал и дека овој клуб за него сепак е “преголем залак“.

Можеме само да претпоставиме ако место Чаби тренер беше Пеп Гвардиола. Веројатно после таков скандал уште истата секунда кои се смееја ќе мораа да го напуштат клубот или ќе имаше тепачка. Ваквото однесување Пеп не трпи, а и сите големи тренери, па кој и да е фудбалер.

Уште поголем скандал е изјвата на Чаби кој посочи дека тој не видел никакво смеење на клупата.

Нема дилеми, прашање на ден кога Чаби ќе биде бивши во Реал.

ПретходноБеќири:Очекував 3-4 бода повеќе, настапите во Европа имаа големо влијание врз резултатите во ПМФЛ
СледноПеп: Тука сум, среќен сум… на 75-76 години ќе го напуштам Манчестер Сити!