Дортмунд ја заврши задачата против Гладбах

21

Екипата на Борусија Дортмунд на за себе најдобар начин ја отвори викенд програмата во Бундес лигата.

Пред своите гледачи вечерва Борусија обезбеди триумф над тимот на Борусија Менхенгладбах со конечни 2:0.

По само десет минути игра, Џулиан Брандт, погоди за домашно водство. Иако и во меѓувреме домаќинот имаше ситуации за втор погодок, сепак, истиот дојде дури во последната минута од мечот.

Во седмата минута од продолжението, Максимилан Беиер ги постави конечните 2:0.

По 15 меча, Дортмунд има 32. бода шест помалку од лидерот Баерн, а секако Баварците викендов треба да го одиграат својот дуел.

 

ПретходноБолоња го елиминираше Интер и ќе се бори за титула во Супер купот на Италија
СледноДомашно реми на Валенсија против Мајорка