Евролига: Дебакл на Партизан во Литванија, Дубаи го победи Ефес

34

Дефинитивно тимот на Партизан се наоѓа во тешка играчка и резултатска ситуација. На гостувањето во Литванија кај Жалгирис, во рамките од новото коло во Евролигата, тимот на Партизан загуби со огромни и засрамувачки 109:68.
Во дуел во кој домаќинот тотално доминираше и имаше целосна контрола врз нештата од самиот старт.

Франциско беше најјефикасен кај домаќинот со 22 поени, додека Вашингтон кај Партизан стигна до 17.

Од друга страна пак, тимот на Дубаи со 76:80 го совлада на негов терен тимот на Анадолу Ефес. Клучна делница од мечот беше онаа последната коај Дубаи ја доби со 19:28.

Монако немаше проблеми на свој терен и го совлада тимот на Баерн со конечни 103:77

 

ПретходноЧешка има нов фудбалски селектор
СледноХаосот во Меделин донесе 59 повредени (ВИДЕО)