Елиф Елмас меѓу две фудбалски легенди!

142
Фото: Елиф Елмас

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и неговиот Наполи се пласираа во финалето на Супер Купот на Италија кое се игра во Ријад (Саудиска Арабија), откако го совладаа Милан со 2-0. Таму тимот на Антонио Конте ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Интер и Болоња кое се игра денеска.

Елмас беше стартер и на овој меч и беше во игра се до 77.минута. Македонскиот репрезентативец имаше убава шанса и за гол и тоа во 22.минута, но сепак немаше среќа.

После овој дуел Елмас направи посебна фотографија со легендата на Златан Ибрахимовиќ и хрватскиот фудбалер, Лука Модиќ.

Мечот за пехарот е закажан за 22 декември.

ПретходноАнгличаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!
СледноАтанасов: Кога ќе примиш 19 тројки…