РК Пелистер попладнево на своите социјални мрежи објави дека имаат уште едно изненадување до своите фанови за крај на 2025 година, која секако дека за овој колектив може да се каже дека е успешна ако се знае дека освоија уште една титула – првак на Македонија и настапуваат во Лигата на Шампнионите.
Велат дека имаат намера достоинствено да ја испратат 2025 година. Па така во сабота се најавува спектакл во салата “Боро Чурлевски“, ќе има свечена академија, музичка програма и ревијален спектакуларен меч на ветераните.










