Уште еднаш благодарение на Шкендија, Македонија, кога е во прашање клупскиот фудбал, скокна уште едно место. Ја минавме Литванија и сега сме на 45.место со 7.759 поени.
Секако дека за ова е заслужен пласманот на Шкендија во нокаут – фазата во Лигата на Конференции.
Така е тоа кога имаш успеси на европска сцена, кога имаш екипа која се пласира во плеј – офот во некое европско натпреварување, кога во Лигата на Конференции ќе играш во 1/16 финалето и кога за првпат ќе играш напролет во Европа.
Интересно, од оние земји кои се од 39. до 55.место, само Македонија сеуште има претствник во Европа.










