Јетон Беќири: “Ова се посебни емоции, напролет ќе се видиме во Европа“!

104

Шкендија е во плеј – офот во Лигата на Конференции. Голем, фантастичен успех за нашиот шампион кој вчера во Ларнака одигра добро, сепак не можеше со играч помалку, силниот АЕК успеа да победи со 1:0. Од друга страна тој пораз е пораз што не боли. Шкендија испиша историја.

По мечот тренерот на тетовци Јетон Беќири истакна:

Како и да е, ова е нешто важно што го постигнавме. Во врска со натпреварот, верувам дека добро ги контролиравме работите до 53-тата минута кога останавме со играч помалку, бидејќи во тие минути размислувавме да го освежиме со некои играчи, каде што домашниот тим би ризикувал повеќе. Мислам дека игравме против многу квалитетен тим, кој победил тимови од многу високо ниво во ова натпреварување.“
Ова за Шкендија е историски момент:
„Секако дека има позитивни емоции, бидејќи некогаш сонувавме да влеземе во Конференциската лига, потоа сонувавме да поминеме, сега кога поминавме, ќе сонуваме да поминеме уште едно коло, такви сме ние, особено луѓето од Тетово. Тоа е нешто позитивно и верувам дека иако е по натпреварот, емоциите се присутни, но сигурен сум дека Шкендија во текот на овие шест натпревари покажа стабилност и малку повеќе среќа и искуство, верувам дека заслужувавме повеќе бодови. Посебна благодарност до сите што нè поддржаа, до сите навивачи, спортското мислење, особено „Балистите“ кои беа со нас во секој дел од Европа. Би сакал да им се заблагодарам на сите и да ви кажам дека напролет повторно ќе се видиме во Европа, додека за мене главна цел ќе биде првенството и Купот, додека Европа ќе биде луксуз за нас. Екипите што можат да ни бидат одредени на ждрепката се силни екипи и спектакуларни. Ќе биде прекрасна пролет, пролет што ќе ни донесе позитивни работи. Исто така, сакам да им се заблагодарам на оние што критикуваа сето време, верувам дека тие се најзаслужни за позитивните резултати на Шкендија. Би ве замолил да не ги критикувате играчите, туку да ги насочите сите критики кон мене, бидејќи јас сум главниот виновник.“

ПретходноУште еднаш благодарение на Шкендија скокнавме уште едно место на УЕФА листата! (ФОТО)
СледноДончиќ одигра ретко виден меч, Јокиќ испиша историја (ВИДЕО)