Илиевски стрелец во победата на Приштина

130

Повремениот македонски репрезентативец, Марио Илиевски повторно е стрелец за тимот на Приштина во шампионатот на Косово.

Денеска некогашниот У21 капитен на Македонија донесе триумф против тимот на Дреница на домашен терен откако гостите имаа предност на полувреме. Сепак, тоа на Илиевски и на неговите соиграчи не им претставуваше проблем, затоа што направија комплетен пресврт.

Најпрво на 1:1 изедначи Битиќи, а потоа во 78. минута во вистински момент, Марио Илиевски погодува за 2:1.

Тимот на Приштина е втор со 30 поени зад лидерот Балкани кој има 32. Илиевски сезонава има седум гола во шампионатот.

 

ПретходноБарди испушти победа против Кајсери, Ашковски со минималец против Железничар
СледноЊукасл водеше, Челзи израмни… екстра дерби на стартот на колото