Лазим Дестани: “Фантастичен успех за Шкендија, но и за домашниот фудбал“!

262
ФОТО: kfshkendija.com

Шкендија затвори историска година, најуспешната во историјата на клубот на меѓународна сцена. По четири години, шампионската титула се врати во Тетово, давајќи му на тимот силна основа за незаборавно европско лето.
Потоа, тимот донесе фантастично европско лето, остварувајќи го долгогодишниот сон на клубот, навивачите и на сите да ги видат црвено-црните во главната фаза на едно европско натпреварување. Секако дека следуваше и пласман во плеј – офот во ЛК:
Задоволен од ова достигнување, газдата на Шкендија, Лазим Дестани за клупскиот сајт изјави:
„Ова е фантастичен успех за нашиот клуб, но и за целиот домашен фудбал, кој Шкендија го претставува со достоинство и гордост на меѓународната сцена. Ова е „европската Шкендија“ што ги стопли срцата на нашите прекрасни навивачи, „Балисти“ и љубителите на фудбалот насекаде“

ПретходноФлик: Против Виљареал ќе мораме без Педри
СледноНеверојатно: ФИФА со забрана за трансфери за пребогатиот клуб на Роналдо!