Минесота и го нанесе третиот пораз на Оклахома (ВИДЕО)

35
Фото: Минесота Твитер

Кошаркарите на Минесота ја победија Оклахома со 112:107 нанесувајќи и го третиот пораз оваа сезона. Тандерс го отворија овој натпревар подобро и имаа предност од десет поени по првото полувреме, но противникот успеа да ја намали разликата на три поени до крајот на првото полувреме.

Во продолжение водството се менуваше и беше јасно дека ќе има неизвесна завршница. Ентони Едвардс погодои важна тројка за 108-107, па потоа запиша блокада и важен скок и го турна неговиот тим кон победата.

Едвардс постигна 26 поени и имаше 12 скока, Рендл додаде 19, Дивиченцо и Рид по 15. За гостите, најдобар стрелец беше Гилџес-Александер со 35 поени.

Кошаркарите на Филаделфија го победија Њујорк со 117:106 на гостински терен. Бостон го совлада Мајами со 129-116, Филаделфија го победи Њујорк со 116-107, Сан Антониот славеше против Атланта со 126-98, Кливленд на домашен терен загуби од Чикаго со 125-136.

ПретходноФергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија
СледноБорко Ристовски: Бојкотот кој што беше најавуван е од мала група на клубови со нивни лични амбиции