Седлоски: Презадоволен сум од одиграното есенва, но далеку од тоа дека сме ја завршиле работата

215

Вардар по години резултатски пост, сезонава е оној правиот. Под водство на тренерот Гоце Седлоски, есенската титула повторно е во рацете на нашиот најтрофеен онака како што многумина сметаат дека треба да биде. Вардар одигра на потребното ниво и тоа е дефинитивно. Притисокот што се створи околу тимот, и очекувањата како од навивачите така и од јавноста на екипата очигледно дека и годеше. Затоа што на истиот реагираше и повеќе од добро, и без пораз стигна до посакуваната цел.

„Можам да кажам дека сум презадоволен од она што Вардар како тим го одигра во есенскиот дел од шампионатот. Од секој аспект. Видовте и самите со како притисок се соочува тимот. Едноставно сите од Вардар го очекуваат најдоброто, а тоа не е лесно да се постигне. Затоа сум горд на овие момци. Што без пораз ја одработија задачата, на најдобар можен начин. Не е лесно да го носиш дресот на Вардар. Секој противник е на највисоко ниво кога игра против Вардар. Тоа се потврдува од меч во меч. Едноставно тоа е така. Навикнати сме на тоа. Така и е содавана оваа екипа. Од момци кои што очигледно можат да се носат со тој притисок. Им честитам за тоа“ – вели тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

На половина сме од ПМФЛ шампионатот. Есенската титула годи, таа е награда за досега сработеното, одиграното, но далеку од тоа дека е нешто готово. Напротив.

„Токму така. Не чека уште многу работа. Многу труд, многу напор за да се стигне до посакуваната цел. Ништо не е готово, напротив. На пролет не чека уште потежок пат кон она што се стремиме да го оствариме. Успесите кога е во прашање Вардар се неминовност, самите по себе се наметнуваат, а само најсилните и најхрабрите се способни да ги остварат. Затоа сум особено горд на сите оние кои во моментов се дел од овој колектив“ – рече тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

ПретходноСтефан Ристовски казнет поради јавна критика на судењето во шампионатот на Босна
СледноБарди испушти победа против Кајсери, Ашковски со минималец против Железничар