Скаутинг службата на Фудбалската Федерација на Македонија периодов има полни раце работа. Едноставно, ова новосоздадено тело во рамките на нашата кровна фудбалска организација планира да биде носител на нештата и функционирањето и да даде резултати со кои што ќе се гордееме сите.
Веќе е направен поширок список на потенцијални млади интернационалци со потекло од Македонија,кои што се надеваме дека наскоро ќе го облежат дресот на Македонија.
Спортспорт веќе го најави крилниот играч на Фиорентина Мустафа Мубин кој што е роден 2011 година како наш следен нов член, а во таа насока оди и следниот потенцијален наш репрезентативец.
Се работи за ни помалку ни повеќе туку напаѓачот на турскиот гигант Галатасарај. Момчето со интересно за нас презиме, Омер Дорук Вардар во моментов е член на У15 генерацијата на Галата, и е еден од најдобирте стрелци во тимот.
Фудбалската Федерација на Македонија веќе има воспоставено контакт со него односно со неговото семејство, и наскоро ќе имаме подетални информации кога и дали Омер Дорук Вардар би се појавил во нашиот национален дрес.
Како што и самиот директор на скаутинг службата на ФФМ, напата легенда Николче Новески најави дека ќе се работи строго професионално и нема да има „милост“ во селекцијата, така очекуваме се што ќе се појави во нашите младински селекции од „странство“ да биде екстра квалитет и потенцијал. А играч на Галатасарај секако дека би дошол со таква препорака.










