Македонија примена како полноправна членка во Медитеранската ракометна конфедерација!

44
ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница/FB

На денешниот, седмиот конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација , Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка.

Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро.

Македонија досега имаше статус на придружна членка. На конгресот присуствуваа и претседателот на РФМ, Александар Стефанов и генералниот секретар, Влатко Тасевски.

Наредната година во февруари , на Медитерански шампионат во Приштина ќе играат пионерките , а ист ќе биде случај и со кадетите во април во Словачка . Сениорите ќе бидат дел од Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

ПретходноМилојевиќ си замина без поздрав, Станковиќ на клупата на Ц. Звезда!
СледноМКК Куманово ја доби драмата со Работнички!