Си замина без поздрав. Како поинаку може да се сфати потегот на Владан Милојевиќ вечерва. Имено по последниот натпревар од оваа година, играчите на Црвена звезда го победија Младост од Лучани (4:0), по што сите нетрпеливо ја чекаа изјавата на Владан Милојевиќ. Сепак, добија едно големо ништо. Звезда ја прекина серијата од два последователни натпревари во Суперлигата во кои не славеа, а со победата си обезбедија малку помирен сон за време на зимската пауза. Дали ќе одат таму со еден, два или четири поени минус, ќе биде јасно по завршувањето на натпреварот помеѓу ИМТ и Партизан.
Со недели се шпекулираше дека Владан Милојевиќ ќе го напушти кормилото на Звезда на крајот од оваа календарска година, а сите нетрпеливо ја чекаа неговата изјава по дуелот против Младост. Сепак, следеше шок – Милојевиќ не проговори. Наместо него, проговори Небојша Милошевиќ, помошник тренер на Црвена звезда. Дали ова е најава за заминување и дали тренерот на Црвена Звезда се подигна без да се збогува, ќе биде јасно во наредните денови.
Да ве потсетиме дека Дејан Станковиќ, кој некогаш го водеше тимот на Маракана, се споменува како наследник на Милојевиќ на клупата на некогашниот европски првак.










