МКК Куманово ја доби драмата со Работнички!

40

Во интересен, а во финишот и драматичен меч, вечерва МКК Куманово успеа да го победи Работнички со 82:77 во натпревар од 11.коло во нашата елитна кошаркарска лига.

Иако во текот на целиот меч домашните имаа водство, сепак во последните дваесетина секунди во Куманови гостите и тоа како се заканија. Со погодена тројка од далечина, Работнички на 18 секунди до крајот дојде само на -1 поени, 76:75. Потоа следуваа серија на фаули и слободни фрлања на двете страни, па на седум секунди до крајот резултатот гласеше 80:77. Работнички беше во напад, но сепак не го искористи за да домашните во последниот напад успеаја да погодат за конечни 82:77 и за голема победа над големиот ривал.

МКК Куманово ги доби првите три четвртини, а во последната се влезе со +8 поени за домашните. Како што веќе напоменавме, Работнички се приближи резултатски, имаше шанса најмалку и за продолженија, но сепак на крајот МКК Куманово заслужено славеше.

Стевановиќ со 22 поени беше најефикасен кај домашните, додека Рикиќ кај гостите запиша 25 поени.

Ова беше седма победа на кумановци сезонава и шести пораз за Работнички.

ПретходноМакедонија примена како полноправна членка во Медитеранската ракометна конфедерација!
СледноКожув ја продолжи кризата на Пелистер