Растодер повторно погоди за Тун, четвртипат сезонава

36
фото: Thun FC (FB)

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер и денеска се запиша во листата на стрелци за екипата на Тун. Швајцарскиот прволигаш славеше со 4:2 на мечот со Цирих, а нашиот репрезентативец погоди во 53-тата минута, кога неговиот тим беше во негатива од 0:2, па Растодер намали на 1:2 и го најави големиот пресврт.

За Растодер ова беше четврти гол сезонава во дресот на Тун.

Претходно18-годишниот Вушковиќ е херој на денот: Му го извади јазикот на противничкиот фудбалер и спречи трагедија
СледноЛампард ги пцуеше навивачите, па предизвика хаос на теренот (ВИДЕО)