Бешикташ – Тофаш 73:72 во меч од 12.коло во елитната кошаркарска лига на Турција. Тимот на македонскиот стратег Емил Рајковиќ на дваесетина секунди до крајот имаше +2 поени, но домашниот кошаркар Метјус погоди тројка. Тимот на Рајковиќ имаше и напад за победа, но сепак не успеа иако во целина одигра одличен меч. Па така нашиот стратег за малку не успеа да го надмудри српскиот селектор Душан Алимпијевиќ и да му го нанесе првиот пораз на гигантот Бешикташ во домашниот шампионат.
Се чини дека составот на Рајковиќ сам се победи во самиот финиш на мечот и уште долго ќе жали за пропуштената шанса.










