Кошаркарките на Вардар дојдоа до свој клупски рекорд според бројот на постигнати поени на еден првенствен натпревар од сениорска конкуренција.
Реализираа дури 136. поени во дуелот со младинскиот состав на екипата од Делчево кој се појави „Под Кале“.
Шест домашни кошаркарки завршија со двоен број на поени. Но вториот момент за паметење, е тројниот ефект на капитенот Елена Тасевска. Репрезентативниот бек на Вардар дојде до учинок од 20 поени, на кои придодаде и 14 скока и 10 асистенции. Имаше и шест освоени топки и пет загубени за само 22:11 минути во играта, и 42 индексни поени.
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО
Бадел 1862 – Баскет кам 64:81
Вардар – Патриот 2016 136:35
Крива Паланка – МЗТ Бела вода 83:48
Пробаскет – Спорт тим 84:63










