Во дербито на дното, вечерва како домаќин, составот на Феникс 2010 успеа да го победи Гостивар со 77:56.
Може да се каже и рутински триумф на домашните кошаркари, се разбира ако не ја сметаме првата четвртина која заврши со резултат 13:13. Од тогаш па се до крајот на паркето Феникс 2010 беше далеку подобар и дојде до заслужена победа. Ова беше четврта победа на Феникс 2010 и десетти пораз на кошаркарите на Гостивар кои и натаму се претпоследни, додека последен е тимот на Ангели, додека Феникс 2010 скокна две места на табелата со 15 бодови.
Откако првата четвртина заврши со тие 13:13, домашните кошаркари заиграа далеку подобро и веќе во вториот период стигнаа до +10.
И во “второто полувреме“ Феникс 2010 ги контролираше настаните на теренот и на крајот дојде до заслужена победа.
Во домашниот табор се истакна Матеус со 17 поени, Ниах запиша еден помалку, додека кај гостите најефикасен беше Абрам со 21 поени.










