Кожув ја продолжи кризата на Пелистер

31

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа третиот пораз во последните четири настапи во домашното првенство. Вечерва на домашен терен, избраниците на Даскаловски загубија од екипата на Кожув, која за разлика од бвитолчани, влезе во одлична серија и вечерва со триумфот во Битола од 76:83 дојде до четвртата победа во последните пет натпревари.

Пелистер тргна одлично и ја доби убедливо првата четвртина со 22:14 со што најавија дека годината сакаат да ја завршат победнички. Сепак, вече во вториот период следуваше сосема поинаква слика на паркетот, а Кожув не само што ја надомести негативата, туку на пауза замина со предност од 6 поени, 36:42.

Пелистер се врати со добра трета четвртина и најави дека можеби оние втори десет минути беа само момент на слабост. Домашните по 30 минути успеаја да дојдат на минус еден (60:61), но потоа следуваше ново лошо издание во финалните десет минути. Предводени од Вашингтон и со Парвис и Вајт, Кожув го полнеше домашниот кош и на крајот сосема заслужено се радуваше.

Вашингтон го заврши мечот со фантастични 31 поен и 10 скока, додека кај домашните Вилсон постигна 24 поени.

ПретходноМКК Куманово ја доби драмата со Работнички!
СледноEден од најблиските соработници на Џани Инфантино во посета на ФФМ